Три лица загинаа на првиот ден од штрајкот на опозицијата во Венецуела
Најмалку три лица загинаа во текот на првиот ден од штрајкот на опозицијата, насочен против претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, соопшти денеска Канцеларијата на државниот обвинител.
Во текот на немирите во континуираните антивладини протести, што почнаа во април, досега загинаа повеќе од 100 лица.
Во планинската држава Мерида убиен е 23-годишен маж, откако во западниот дел од земјата вчера е убиен 30-годишен маж, додека 14-годишно момче е убиено во сиромашен кварт на Каракас, пренесоа британските медиуми.
Штрајкот денеска влегува во вториот ден, а опозицијата постави барикади на улиците од градот, со транспаренти на кои пишува „Нема веќе диктатура!“.
В недела треба да се одржат избори за Уставотворно собрание кое опозицијата ги бојкотира, сметајќи ги за фарса со цел да се измени Уставот и да се обезбеди мнозинство за влада која нема доволна поддршка кај народот.
Место тоа, опозицијата бара слободни избори, вклучувајќи и избори за нов претседател на земјата.
По повеќедневни протести, опозициските лидери вчера почнаа дводневен национален штрајк во обид да го присилат претседателот Николас Мадуро да се откаже од изборите, додека тој тврди дека новиот Устав е единствен начин за надминување на тензиите.
Опозицискиот лидер, Енрике Каприлес, пак, вели дека наметнувањето Уставотворно собрание само уште повеќе ќе ја продлабочи кризата.
Ново на Сител
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.