-->
-->
Три лица се степале во Драчево, бил употребен и нож
-->
Тројца мажи се степале во скопско Драчево, а употребен бил и нож, пишува Прес24.
Инцидентот го потврдуваат и од Министерството за внатрешни работи.
-Денеска во СВР Скопје било пријавено дека околу 14.10 часот на ул. Иван Хаџи Николов, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Ф.(37) и Н.Ф.(46), и двајцата од Зелениково, од една страна и Д.А.(32) од с. Страхојадица од друга страна , во која бил употребен и остар предмет. Причина за физичката пресметка се претходно нарушени меѓусебни односи.Сочинети се записници по чл. 11 од ЗПП ЈРМ, велат од МВР.
Според неофицијални информации, лицата немаат посериозни повреди, туку само посекотини.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори
-
Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи