Три лица од пожарот во Шутка со Брза помош пренесени на Токсикологија
Таткото на загинатите деца во пожарот во Шутка попладнево во 15 часот и 30 минути со возило на службата за Итната медицинска помош бил пренесен на Токсикологија.
Од клиниката за Сител информираат дека 28 годишниот пациент имал видливи знаци на стрес и вознемиреност, но по прегледот на негова иницијатива одбил да му бидат направени дополнителни испитувања и доброволно заминал од клиниката.
Во меѓувреме заедно со него бил и неговиот 14 годишен син брат на починатите деца кај него немало констатирано повреди и за дополнителни прегледи и детето било препратено на Клиниката за детски болести.
Во меѓувреме на Токсикологија бил донесен и дедото на починатите деца тој се уште е на клиниката но без сериозни здравствени последици и му се укажуваа лекарска помош по што ќе биде пуштен на домашно лекување велат од Токсикологија за Сител.
Од службата за Итна медицинска помош за Сител информираат дека веднаш по добиената пријава за пожар во 13 часот и 30 минути веднаш се упатиле во Шуто Оризари интервенирале со 3 екипи и освен повредените кои ги пренеле на Токсикологија на лице место им било укажана лекарска помош и на две жени кои биле во куќата.
Александар Динев
Ново на Сител
-
Транспортерите од Западен Балкан чекаат по 10 часа на граница за влез во Унијата
-
Голем број гости се очекуваат за празниците во Охрид
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска