Три лажни признаци на вљубеност
Иако ја опишуваат како задоволување на основните човекови емоционални потреби, љубовта по се изгледа не е толку едноставна.
Знаете ли да ја препознаете љубовта?
Еве три знаци кои често ги поврзуваме со љубовта, но всушност укажуваат само на пријателство, флерт, загреаност и збунетост...
1. Забава
Ако Ви е забавно со партнерот, ако го сфаќа Вашиот хумор и Ве засмева, тоа не мора да значи дека сте вљубени и дека сте со „љубовта на Вашиот живот“.
2. Пеперутки
Фамозните „пеперутки“ во стомакот сите ги сметаат за знак на љубовта, иако тие се појавуваат и во разни други моменти. На пример, кога девојката купува нови чевли или пак, кога момчето следи неколку фудбалски натпревари, држејќи в рака ливче од спортска прогноза.
3. Страст
Доколку совршено Ви одговара в кревет и целосно Ве исполнува, тоа повторно не е знак на љубов, туку едноставно - сексуална хемија и компатибилност. Што, сепак, не мора да значи дека врската ќе успее ниту пак, дека ќе трае.
Ново на Сител
-
Тргна коњаницата кон Крушево
-
Тема на денот со Марјан Калевски, Зелен Хуман Град
-
Претседателката на Антикорупциска поднесе оставка
-
Пратениците во вторник ќе расправаат за интерпелацијата на државниот обвинител Коцевски
-
Втор ден потрага по 16-годишно девојче кое вчера ја повлекоа водите на Вардар кај Уланци, Градско
-
Активни 6 пожари
-
Топлотниот бран ги „вжешти“ телефоните во Скопската брза помош
-
Расте бројот на нови партии пред изборите, без измени на Изборниот законик нема независни кандидати