Три фирми заинтересирани за тендерот за компресорската станица на Клинички центар
Три фирми досега пројавиле интерес за тендерот за компресорската станица на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Информацијата за МИА ја потврди Стојче Николовски, стручно лице за посета на терен, задолжено од комисијата и раководител на Секторот за техники работи во ЈУ од областа на здравството за потребите на јавните здравствени установи, универзитетски клиники, завод и ургентен центар - Скопје.
- Три заинтересирани фирми ја посетија локацијата со цел да видат што ќе биде потребно да се набави и каде да го монтираат тоа, појасни Николовски во изјава за МИА.
Во мај, операциони сали на Клинички центар беа затворени поради непријатна миризба. За итни интервенции, пациентите се упатуваа во Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ и во Градската општа болница „8 Септември”.
Беше распишан тендер за набавка на нова компресорска станица, кој пропадна бидејќи не пристигна ниту една понуда.
На 12 септември завршува новиот тендер, а министерот за здравство Арбен Таравари изрази надеж дека сега ќе се пријави некоја фирма.
- Се надевам дека ќе се пријави, за да го решиме овој проблем барем ако е можно до крајот на годината, одговори Таравари на новинарско прашање, по посетата на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија на 16 август.
Претходно, кон крајот на јули, министерот рече дека не може да предвиди дали ќе има пријавени, но, оти овој проблем не треба да се одолговлекува. Тогаш, тој не исклучи ни директно договарање меѓу Министерството и изведувач, доколку не се појави заинтересирана фирма.
Ново на Сител
-
Најмалку осум загинати во поплавите во Европа
-
Бројот на загинати во Виетнам од тајфунот Јаги се искачи на 281
-
Се чека одлука за есенска потрошувачка кошница со пониски цени
-
КИНСИВ во М-НАВ ќе го истражува безбедносниот настан на небото над Скопје од 7 септември
-
Бугарскиот амбасадор Желјаско Радуков на разговор во МНР
-
Деветте нови лекови на позитивната листа од денеска во аптеките
-
Делегација од германскиот Бундестаг во посета на Собранието
-
Идентификуван напаѓачот на Трамп, инцидентот се истражува како „обид за убиство“