Трговскиот дефицит на САД се зголеми на 91 милијарда долари
Американскиот извоз на стоки се зголеми за 0,3 проценти во јуни на 145,6 милијарди долари, додека увозот значително се зголеми, за 4,7 проценти, на 236,7 милијарди долари.
Трговскиот дефицит на САД се прошири во јуни, бидејќи увозот продолжи да расте како резултат на забрзувањето на економската активност во земјата, што укажува на тоа дека трговијата веројатно ќе ја забави стапката на раст на бруто домашниот производ (БДП) за вториот квартал.
Во САД трговскиот дефицит се зголеми за 3,5 проценти минатиот месец на 91,2 милијарди долари, соопшти Министерството за трговија.
Американскиот извоз на стоки се зголеми за 0,3 проценти во јуни на 145,6 милијарди долари, додека увозот значително се зголеми, за 4,7 проценти, на 236,7 милијарди долари.
Податоците за надворешната трговија беа објавени пред извештајот за економското производство на САД во вториот квартал.
Економистите проценуваат дека растот на БДП на САД во вториот квартал ќе изнесува 8,5 проценти на годишно ниво, што е значително забрзување во споредба со стапката од 6,4 проценти во првите три месеци од 2021 година.
Предвидената стапка на раст за вториот квартал би била највисока од 1983 година и може да значи дека е постигнат максимумот во тековниот циклус.
Ново на Сител
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право
-
Граѓаните гласаат за седми претседател на државата
-
Изборните денови 24 април и 8 мај неработни за сите граѓани
-
Јавниот превоз во Скопје со неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
-
Американскиот Сенат одобри 95 милијарди долари помош за Украина, Израел и Тајван
-
Лични документи можат да се подигнат и денеска
-
Променливо облачно со сончеви периоди, на крајот на денот дожд
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан