Трговската размена со странство до ноември лани 9,935 милијарди долари
Надворешно-трговската размена на Република Македонија во периодот јануари - ноември 2015 година изнесувала 9.935.210.000 долари. Вкупната вредност на извозот е 4.123.350.000, а на увозот 5.811.860.000 долари, соопшти Државниот завод за статистика.
Трговскиот дефицит до номеври лани бил 1.688.510.000 долари, а покриеноста на увозот со извоз, изнесува 70,9 отсто.
Најголемо е учеството во изозот имале катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, сетовите на проводници за палење, за возила, авиони или бродови, производите од железо и челик (валани производи).
Во увозот, пак, најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), електричната енергија и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.
Македонските компании од јануари до ноемви 2015 година најмногу тргувале со фирми од земјите членки на Европската унија.гв/са/13:20
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ со партиски кандидат ќе настапи на локалните избори за Град Скопје
-
Ахмети: Без хармонија меѓу заедниците, државата нема иднина
-
Патоказ за малцински прашања како можем компромис за спорот со Бугарија
-
Тошковски: Полицијата прибира докази за пожарот во „Пулс“
-
Нов марш на ангелите, родителите го повикаа Мицкоски во Кочани
-
Еколошка акција за чистење на дното на Охридско Езеро
-
Активисти за студентски права од Западен Балкан на форум во Скопје
-
„Кликни безбедно“ прв хакатон за креирање иновативни решенија од средношколци