Тргната заштитата – Порта Македонија може да се урива
Владата преку Министерството за култура ја тргнало заштитата на Порта Македонија со што се отвора можноста овој споменик дел од проектот Скопје 2014 да биде срушен бидејќи веќе не е заштитено културно налседство на Македонија.
Но за рушењето општина Центар и Владата си ја префрлаат одговорноста. Додека Министерството за култура смета дека за рушење е надлежна Општина Центар а од општината велат дека со тргање на заштитата се отвора простор за рушење, но дали ќе се руши објектот одлука мора да донесе инвеститорот односно Министерството за култура.
Порта Македонија е еден од главните споменици во проектот Скопје 2014. За неа граѓаните платија над 6 милиони евра. Премиерот Заев вети дека на нејзиниот врв ќе постави екран кој ќе покажува колку пари се вратени од она што тој го нарекуваше кражба од државниот буџет. Во моментов на врвот на портата постои екран но досега никогаш не бил вклучен.
Ново на Сител
-
Пожарот изгасен, обид за кражба во зградата
-
29 години од атентатот врз Kиро Глигоров
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-
Новото раководство на ЕСМ обвинува за хаос во РЕК Битола
-
Тројца загинати во директен судар
-
Пожарот изгасен, обид за кражба во зградата
-
Џафери и Апасиев пред Уставен, дали постои политичка дискриминација?
-
Мицкоски и Таравари до Ахмети: Добро е, се навикнавте да сте опозиција