Тргнал на својата венчавка, преживеал “атентат” и со куршум во рамото се појавил пред олтар
Дека љубовта не може ништо да ја сопре, па дури ниту куршум, докажа младоженец од Индија. Тој бил погоден со куршум во рамото додека одел на својата венчавка, но одлучил само да ја преврзе раната и да побрза да го изговори судбоносното “да”.
Бадал (25) и неговата вереница се само еден од многубројните парови кои овие денови се венчале во Индија, со оглед на тоа дека оваа сезона е во екот на венчавките.
Сепак, вакви препреки на патот до давањето на заклетва на вечна љубов, Бадал не очекувал. Неговата повреда повеќе изгледала на атентат.
Младоженецот бил во кочија заедно со своите роднини кои танцувале околу него. На околу 400 метри оддалеченост од местото на церемонијата, во јужен Делхи, два непознати мажи се качиле на кочијата и го погодиле во рамото.
Првично не сфатил што се случува.
“Кога почувствувал дека го пече рамото и кога погледнал крв, слегол од кочијата и им рекол на членовите на фамилијата што се случи. Дотогаш напаѓачите веќе побегнале”, објасни полицаецот кој работи на случајот.
Бадал бил одведен до најблиската болница каде му ја преврзале раката, бидејќи за да го отстранат куршумот бил потребен подолг и покомплициран зафат. После 3 часа терапија, Бадал сепак успеал да пристигне на својата венчавка.
“Куршумот и понатаму е заглавен помеѓу коските на рамото. Докторите ќе го повикаат да направи операција”.
Ново на Сител
-
Поплавени куќи и улици во Тетово
-
Од детство во војна до пензија во независна држава | Атанас Костовски | Sitel Podcast 061
-
ЦУК: Можни излевања и проблеми во градовите ако има поројни дождови
-
Кривичен: Oдложени следните две рочишта за случајот со убиствата на Вања и Панче
-
Муниција и експлозив пронајдени во дом во Козле, поведена истрага против едно лице
-
Премиера на филмот што го однесе Алек Болдвин на судење за убиство
-
Кривична пријава против шест затворски полицајци за „овозможување бегство на лице лишено од слобода“
-
Поплави ширум Црна Гора