Третпат снема струја на Куба
Милиони Кубанци беа во темница откако синоќа пропадна и третиот обид за повторно воспоставување на електричната мрежа на островот.
Кубанската национална електрична мрежа во петокот попладне првпат престана да работи, но беше рестартирана, но вчера утрото повторно падна.
– Вечерва во 22 часот и 25 минути целосно е исклучен националниот електроенергетски состав, објави компанијата „Хавана електрик“ на социјалната мрежа Телеграм.
Подоцна објавата е отстранета од Телеграм, а милиони луѓе и денеска се без електрична енергија.
– Процесот на повторно воспоставување на електричната мрежа и понатаму е сложен, објави кубанското Министерство за енергетика на платформата Икс.
Поради падот на електричната мрежа во Хавана и во Маријана синоќа имаше протести.
Дури и пред падот на мрежата Куба се соочуваше со недостиг на електрична енергија. Комунистичката влада на Куба во петокот ги испрати дома несуштински владини работници и ја откажа наставата во училиштата, обидувајќи се заштеди гориво за производство на електрична енергија.
Ново на Сител
-
„Волстрит џурнал“: Украина и ЕУ предлагаат договор за прекин на огнот со Русија
-
Сончево и многу топло време со температура до 39 степени
-
Зголемена фреквенција на возила надвор од градските средини, на ГП Табановце за влез се чека околу еден час
-
Четворица астронаути се вратија на Земјата по пет месеци поминати на Меѓународната вселенска станица
-
На ГП Табановце за влез и излез од државата се чека околу 40 минути
-
Жител од Трубарево осомничен за загрозување на безбедноста во сообраќајот
-
Студија: Врската на човекот со природата се намалила за 60 проценти во изминатите 200 години
-
Апел од ЈП Водовод и канализација скопјани рационално и внимателно да ја користат водата