Македонија
19. November 2015 - 8:43

Трета студентска конференција за енергетска ефикасност

Во организација на Здружението за истражување и промоција на енергетската ефикасност и одржливиот развој и Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) денеска ќе се одржи третата студентска конференција „Енергетска ефикасност и одржлив развој" - СКЕЕОР 2015.

Целта на конференцијата е да ги претстави најновите сознанија и трендови во областа на енергетската ефикасност, како и иновативните начини за справување со тековните проблеми.

Предвидено е учество на странски студенти и предавачи од наставниот кадар на ФЕИТ, професори од други факултети и претставници на компании и организации кои ја спонзорираат конференцијата меѓу кои: EVN, IEEE, Loging Electronics, Пакомак, Делтапроект, Nescaffe, Vitalia, Везешари,...