Loading Video...
Ф1
9. May 2022 - 11:07

Трета победа сезонава за актуелниот шампион Верстапен триумф на американското Град-при

Актуелниот светски првак во формула 1, Макс Верстпен на победник на американскот Гранд-при што за прв пат се возеше во Мајами. 
 
Возачот на Ред Бул кој стартуваше зад двата болиди на Ферари уште во деветиот круг го мина Шарл Леклер и најави дека ќе атакува на третата своја овосезонска победа, а тоа и го потврди со одличното возење во текот на целата трка. 
 
Зад него завршија токму возачите на Ферари, Леклер и Сајнц, а бодови освоија и: Перез, Расел, Хамилтон, Ботас, Окон, Алонсо и Албон.
 
Леклер остана лидер во генералниот пласман, но сега само со 19 бодови повеќе од Верстапен. 
 
Следната, шеста, трка ќе се вози на 22 мај кога во Барселона на програмата е шпанското Град-при.