Трет тендер со поголема вредност за уривање на дивоградбата кај „Мавровка“ најавува општина Чаир
Општина Чаир најавува нов трет тендер со поголема вредност на договорот за уривање на дивоградбата кај „Мавровка“. На првите два тендера се уривање на дивоградби во Општината беа предвидени еден милион денари.
Новиот, трет тендер ќе биде објавен во текот на оваа недела, а колку пари ќе се предвидат со кои треба да се поттикнат фирмите да конкурираат уште не е одлучено.
„Согласно извршените консултации и врз основа на Законот за јавните набавки, Општина Чаир пристапува кон зголемување на проценетата вредност на јавната набавка како единствен можен механизам поради непредвидените настанати околности за поттикнување на учеството на економските оператори во постапката. Согласно одредбите од Законот за јавни набавки ќе се отвори нова постапка за јавна набавка без никакви ограничувачки критериуми“, велат од Општина Чаир.
Ново на Сител
-
Можни ли се поплави во Македонија како во Босна и Херцеговина?
-
Партиски препукувања додека струмичани немаат вода за пиење
-
Тема на денот со Владимир Божиновски, политички аналитичар
-
Клиниките ќе се спојуваат во 2026, Таравари ќе враќа лекари од приватното во државното здравство
-
Бела ноќ со француската атракција групата „Кидам“ со уличниот спектакл „Сонот на Еребер“
-
Најмалку 20 загинати во поплавите во БиХ
-
Можен распад на Европскиот фронт на ДУИ поради Мендух Тачи
-
Затворена седница за ЕУ