Македонија
29. November 2023 - 8:56

Tрет ден се трага по исчезнатото 14-годишно девојче од Скопје

Трет ден од исчезнувањето на четиринаесетгодишната Вања Ѓорчевска. Се проверуваат сите блиски и подалечни контакти, како и електронски уреди за да се добие информација за исчезнатото дете.

Мајката е постојано со полицијата и се прават сите напори за да се открие трага што ќе укаже што се случило.

Според описот на потерницата таа е висока 175 см, тешка 58 кг, има коса темно кафеава, очи кафеави, носи протези на горни и долни заби, има бемка на десна страна од лицето.

Граѓаните ќе ја препознаат по тоа што е облечена во плав блузон, црна јакна, црни фармерки со странични џебови, бели патики со кафеави линии.

Вања со себе носи школски ранец и мобилен телефон марка Ајфон.

Последниот сигнал од телефонот на исчезнатото девојче е лоциран на булеварот ,,Партизански одреди" спроти Универзална сала.