Македонија
10. јуни 2021 - 19:47

Трет ден блокади на ВМРО-ДПМНЕ

Власта се иритира од блокадите, но повеќе иритира односот на премиерот кон македонскиот идентитет. Ова е пораката од третиот ден протести на опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за преговорите на македонската влада со Софија за односите меѓу двете држави. 

Од партијата на Мицкоски бараат Заев и преговарачот Бучковски да ја обелоденат Декларацијата што се пдоготвува како дополнување на Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија.

Поддршка на блокадите даваат и коалициските партнери.

Раководството и активистите на ВМРО-ДПМНЕ за време на сообраќајниот шпиц ги блокираат главните крстосници во Скопје и 9 градови низ државата. Протестите продолжуваат и во нарединте денови. 

Најавите се дека ќе траат се додека не им бидат исполнети барањата. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека за оваа цел ќе ги користат и инсттрументите кои им стоијат на пратениците на Коалицијата во Собранието.