Тресонче одбележува два века од раѓањето на Дичо Зографот
Селото Тресонче денеска и утре одбележува два века од раѓањето на Дичо Зографот. По овој повод, здружението на граѓани „Брзовец“ организира „Меморијал Дичо Зограф“.
Според програмата, викендов ќе се одржат неколку културно-спортски манифестации.
-Одбележувањето ќе почне со тркaта „Бистра Trail Run 2019″, планинско трчање што го организира „Прв до Врв“ од Скопје. Следува чествувањето на Дичо Зографот во храмот „Св. Петар и Павле“ со пригодна прослава и обраќања, а отворени ќе бидат и Меморијалниот парк „Дичо Зограф“, Спомен-чешмата и Спомен-собата на големиот македонски иконописец и уметник, под покровителство на Општина Маврово-Ростуше и „Брзовец“ од Тресонче, вели за МИА Славчо Куноски, еден од организаторите на Меморијалот.
Попладнето во сабота, од 14 часот, по прогласувањето на победниците во трката „Бистра Trail Run 2019“, ќе стартува трката во планински велосипедизам ХЦО МТБ „Меморијал Дичо Зограф“, организирана од „В.К. Енерџи“од Скопје и „З.Г. Брзовец“, под покровителство на „ТРИГЛАВ Осигурување“. И за оваа трка ќе бидат доделени медали и награди на најдобрите.
Во недела програмата почнува уште во девет часот, со стандардните тури по Бистра – „Bistra Adventure 2019“ во организација на „Прв до Врв“ од Скопје (голема тура по падините на Бистра, мала тура до Гари и Лазарополе, мала тура до Галичник).
-Организацијата на Меморијалот траеше 12 – 13 месеци. Обезбедивме наши средства, но целосна поддршка ни дадоа и Општината Маврово – Ростуше, како и Националниот парк „Маврово“. Идејата произлезе во декември лани, кога на последниот сотанок на нашето здружени „Брзовец“ во Скопје, еден од членовите кој го изчува Дичо, потсети дека годинава ќе се направат два века од раѓањето на големиот зограф. Толку ни требаше. Веднаш формиравме работни групи чија цел беше да обезбедат финансии и да направат план за манифестацијата. Во април, пак, ни се роди идеја комплетно да ја реставрираме во етно стил старата соба во црквата „Св. Петар и Павле“ каде на времето Дичо сликал, но и да ја направиме грандиозна, како што прилега, старата чешма во дворот на црквата. Чешмата е со плоча на која е испишана посвета од неговите Тресончани, објаснува Куноски.
Според него, интерсот за меморијалот е голем, а поканети, освен сите добронамерници, се и претставници на државниот врв, амбасадори, градоначалници, претставници од МПЦ и од манастирот „Св. Јован Бигорски“.
Ново на Сител
-
Физички нападнат 51-годишник од две лица по претходна случена сообраќајна несреќа
-
Украдено товарно возило на АРМ пронајдено во Кисела Вода
-
Две лица пукале кон 36-годишник од с.Грчец, се здобил со повреди во ногата од огнено оружје
-
Фондот за здравство работи на формирање тимови за рехабилитација на повредените во Кочани
-
Бугарското Собрание усвои резолуција во врска со напредокот на земјава во ЕУ
-
140 луѓе во тетовската болница не зеле плата 2 месеца
-
Град во источна Германија нуди 14 дена бесплатен престој и можности за работа
-
Поплави во Романија се закануваат да го загрозат еден од најголемите европски рудници за сол