Македонија
4. September 2017 - 12:48

Тренеска-Дескоска: Загрижувачки трендот на опаѓање на ученици во Македонија

Министерката за образование и наука Рената Дескоска Тренеска денеска по повод почетокот на новата учебна година ги посети основно училиште „Браќа Миладиновци“ и средното стручно училишта „Перо Наков“ во Куманово.

Дескоска-Тренеска  до првачињата упати пораки дека ги чека убав деветгодишен период кој ќе го поминат, учејќи другарувајќи, додека на наставниците им порача да ги изведат на вистинскиот пат
 
- МОН, стои на располагање со расположливите капацитети и можности да им помогне да се вложат за квалитетно образование на учениците бидејќи тие се иднината на државата, рече министерката.
 
Таа додаде дека Министерството ќе има еднаков пристап кон сите, без оглед дали се раководедни од градоначалници од власта или опозицијата.
 
На учениците и родителите им се обрати и градоначалникот на општина Куманово Зоран Дамјановски, кој им посака успех и истакна дека во Куманово има најголем број запишани првоодделенци 7,5 проценти од вкупниот број запишани првачиња и голем број ученции, но дека и покрај тоа не се вложувале средства од претходната Влада за изградба и реконструкција на училишта.
 
Министерката истакна дека Министерството ќе има еднаков пристап кон сите, без оглед дали се раководедни од градоначалници од власта или опозицијата.
 
Денеска во ова централно училиште својот прв училишен ден го започнаа 120 првоодделенци, информираше директорката, Марина Манојловска.
 
Министерката за образование го посети средното  „Перо Наков“, каде потенцираше дека Куманово има најголем број и на првачиња и на ученици воопшто.
 
Во изјавата за медиумите нагласи, дека трендот на опаѓање на ученциите и бројот на деца во Македонија е загрижувачки.
 
- За жал се забележува опаѓање на бројот на деца кои што се запишуваат и во средното образование и покрај тоа што е задолжително средното образование, што укажува на трендот кој што постоел на иселување на млади луѓе од Р.Македонија, семејства со деца во образовен процес. Се надеваме дека процесот на иселување на младите ќе запре .МОН ќе преземе реформи кои што ќе значат враќање на квалитетот на образование и правење на образовниот систем во Македонија, атрактивен за учениците како би останале тука и би го продолжиле своето образование, изјави министерката.
 
Таа посочи дека на средбата со градоначалникот  разговарале околу капиталните инвестиции што биле правени во општина Куманово и потенцира дека, досега,  за жал МОН го оставило образованиот систем во Куманово без поддршка во делот на капиталните инвестиции.
 
- Најавувам како министер за образование дека целта на оваа Влада е да не прави разлика меѓу градоначалници од власта и опозиција, бидејќи интересот на децата треба да биде пред се и пристапот на помагањето на општините во капиталните инвестиции треба да зависи од состојбата во која се наоѓаат училиштата, а не од тоа кој раководи со општината односно кои се директорите  на училиштата, додаде министерката.
 
Потсети дека претходно Министерството ќе даде одобрување за вработување  во оние училишта каде имало потреба без разлика кој е градоначалник, кој е директор во тие училишта.
 
Додаде дека токму од средното училиште, сака да го промовира стручното образование. Посочи дека досега интерес имало за медицинско, економско , правно, а дека останатите насоки на стручно образование се запоставени и не се атрактивни за учениците.
 
Потенцираше дека со измените кои се прават во наставните програми  ќе се вопостави систем што ќе ги привлече учениците.
 
Министреката потенцираше дека се преговара и со компании каде би се одвивала практична настава за учениците кои би биле подготвени да настапат на пазарот на трудот, по завршувањето на образованието.
 
Одговарајќи на новинарски прашања што е со преименувања на училиштата во општина Чаир, министерката посочи во моментов тој проблем не е на маса и дека наследила  многу посериозни проблеми, училишта за кои рече дека буквално се распаѓаат, кои биле запоставени и од МОН и од градоначалниците, дека има наставни програми кои се проблематични, и ситуации кои бараат итно делување и оти во моментов, има суштински проблеми на кои треба да се посвети Министерството.
 
Одговарајќи на новинарско прашање зошто не ги посетила учениците кои следат настава на албански јазик, а учат во бараките, министерката истакна дека токму во ова училиште се претставници од сите училишта од градот, ученици од различни етнички заедници.
 
Проблемите рече ги има насекаде и во оние каде наставата се одвива на македонски и во оние каде наставата се одвива на албански наставен јазик.
 
Посочи дека од Куманово ја испраќа пораката дека соживотот, другарувањето меѓу учениците од различни етнички заедници е она што треба да биде усвоено како вредност во текот на образованиот процес.