Тренчевска: Греење за градинките ќе има, Владата одговорно ја менаџира енергетската криза
Не треба да се плашат ниту родителите, ниту општините дека може да се доведе во случај да нема парно во градинките. Парно ќе има и за граѓаните и за градинките, бидејќи Владата е одговорна, се грижиме за граѓаните и ја менаџираме енергетската криза, изјави министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.
Во одговор на новинарско прашање на денешната средба на Министерството за труд и социјална политика и Националниот совет за родова рамноправност, Тренчевска посочи дека греење за градинките и сите останати институции ќе има, како и дека градинките не се на индустриска струја, па со тоа, како што истакна, немаат големи сметки, а голем дел од нив се енергетски ефикасни, со што заштедуваат електрична енергија.
-Покрај блок дотациите за платите, што МТСП ги исплаќа, префрлуваме средства за материјални трошоци. Меѓутоа, градинките си имаат сопствени средства, како доплатата на родителите за сместување на децата во градинките, така што одговорноста за плаќањето на комуналии, вклучително и сметките за електрична енергија е обврска на основачот на градинката, а тоа е Општината, додаде министерката.
Ново на Сител
-
Времено затворен граничниот премин Блаце, пожарот се движи кон с. Бразда
-
Ќе пропадне ли интерпелацијата на ДУИ за претседателот на Уставен?
-
Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје
-
Времено затворен граничниот премин Блаце, пожарот се движи кон с. Бразда
-
Прва жртва на пожарите
-
400 невработени ќе може да се пријават за гаснење пожари, плата 24.000 денари
-
Скок на инфлацијата во јуни, премиерот наскоро најавува мерки
-
Олеснување на постапка за работни дозволи и престој на странци, како и пониски царини бараат странските компании од владата