-->
-->
Трас беше на власт 45 дена, до крајот на животот ќе добива 115.000 фунти годишно од државата
-->
По само 45 дена на функцијата како премиерка на Велика Британија, Лиз Трас ги исполнува условите за годишен надомест од 115.000 фунти до крајот на својот живот.
Според владата, на сите поранешни премиери им е обезбеден годишен надоместок од наведениот износ.
За да ги исполнувате условите за надоместокот, само треба да се биде поранешен премиер, што значи дека Трас ги исполнува условите, и покрај тоа што е премиер со најкраток стаж во историјата на земјата.
Таа вчера поднесе оставка од функцијата британски премиер по само 45 дена.
Трас имаше најкраток мандат – втор најкраток мандат го имал Џорџ Канинг, чија премиерска функција траела 118 дена пред да почине ненадејно во 1827 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сите чекаат Димитриевска сама да замине од Антикорупциска
-
Академската фела со реакции за предлогот за заедничка резолуција со Бугарија
-
Мицкоски: Бугарија може да покаже дека е добар сосед
-
Лефков: СДС и Венко Филипче се ставаат во служба на Бугарија за лични интереси
-
ИКС: Наративот на политичарите штетно влијае на менталното здравје на граѓаните
-
Муцунски: Ние сме „Македонски свет“ и гледаме да ги шириме интересите на нашата надворешна политика
-
Мицкоски повика трагедијата во Кочани да не се користи за ситни политички поени
-
ССМ пресмета зголемена потрошувачка кошница во јули, премиерот најавува нови 5 кошници, за разни категории