Трамп: Влогот на изборите не може да биде поголем, светот е на работ на трета светска војна
Американскиот претседателски кандидат Доналд Трамп вчера изјави дека влогот на изборите во 2024 година „не може да биде поголем“, додавајќи дека светот „стои на работ на третата светска војна“.
-Влогот на овие избори не може да биде поголем. Под Џо Бајден, нашите граници се избришани. Милиони илегални странци упаѓаат од целиот свет. Нашата средна класа е уништена од инфлацијата на Бајден.
Насилните криминалци дивеат во градовите управувани од демократите, додека органите на редот се вооружени против христијаните, конзервативците и верниците, напиша Трамп на својата социјална мрежа „TruthSocial“.
Тој додаде дека во исто време војна се води во Украина и на Блискиот Исток, додека Кина му се заканува на Тајван, а Иран е на неколку сантиметри оддалечен од нуклеарна бомба.
Тој рече дека е единствениот кандидат на изборите кој е „на висина на задачата да ја спаси Америка од сите катастрофи на Бајден, почнувајќи од првиот ден“.
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова изрази сочувство до семејствата на загинатите во Нови Сад
-
Објавен идентитетот на загинатиот Македонец во Нови Сад
-
Штипјанец си ја убил девојката, сам се пријавил во полиција
-
Македонец меѓу загинатите во Нови Сад
-
Почина еден од ранетите во Арачиново
-
Сообраќајка на патот Тетово - Гостивар, сообраќајот по една коловозна лента
-
Двајца ранети во оружен инцидент во село Арачиново
-
Десингерица или Слаткар | DJ Mats | Лабави муабети со Марко | Sitel Podcast 067