Трамп соопшти дека е постигнат „голем напредок“ во трговските преговори со Јапонија
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека е постигнат „голем напредок“ во трговските преговори со Јапонија, пренесоа светските агенции, наведувајќи дека шефот на државата синоќа направил изненадувачки потег со тоа што лично се вклучил во разговорите со јапонската делегација во Вашингтон за прашањето за дополнителни царини за јапонски стоки за САД.
„Голема чест за мене – штотуку се сретнав со јапонската делегација за трговијата. Голем напредок!, напиша Трамп во објава на својата социјална мрежа „Трут Соушл“( „Truth Social“), без да наведе детали за преговорите.
Токио испрати делегација во Вашингтон предводена од министерот за економска и фискална политика Риосеи Аказава.
Пред да полета за САД, тој изјави дека неговата земја ќе бара целосно укинување на дополнителните царини за нејзините стоки при увозот во САД.
„Јапонија доаѓа денеска да преговара за царините, воената поддршка и „фер трговијата“, објави претходно Трамп на својата мрежа.
Ново на Сител
-
Канабис, луксузна облека и цигари запленети на граничните премини - спречен влез на мигранти
-
Продолжува потрагата по 16-годишното девојче во реката Вардар
-
Пожарот на планината Плачковица се гаси од воздух
-
За осум часа 155 сообраќајни прекршоци, 51 санкционирани возачи на мотоцикли
-
Приведени возачи од Битола и ресенско, возеле со 1,87 и 1,86 промили алкохол во организмот
-
Без активно жариште пожарот на Кипар
-
Активни седум пожари - гори нискостеблеста шума, ниска вегетација, стрништа
-
Приведен возач од тетовско, возел под дејство на алкохол и учествувал во сообраќајна незгода