Трамп со закани да не споделува информации со европски држави што работат со „Хуавеи“
Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе престане да ги споделува информации со европските земји кои прифаќаат да работат со кинескиот телекомуникациски гигант „Хуавеи“ при градење на нивната 5Г мрежа.
Тоа го изјави американскиот амбасадор во Германија, Ричард Гренел. Вашингтон долго време одамна врши притисок врз европски земји да не дозволат Хуавеи да изгради своја 5Г мрежа, сметајќи дека тоа е ризик од шпионажа.
-Претседателот Трамп „ми наложи јасно да кажам дека секоја земја што ќе избере да ја користи“ во својата 5Г мрежа сомнителни компоненти”, ја доведува во прашање нашата способност да споделуваме информации на највисоко ниво“, напиша Гренел на Твитер.
Тој прецизираше дека Трамп синоќа се јавил од авионот Ер форс 1 за да ја пренесе таа порака.
Клучните сојузници на САД, вклучително и Франција и Велика Британија веќе објавија дека нема да го спречат Хуавеи да учествува во изградбата на нивните брзи мрежи за интернет, но ќе наметнат некои ограничувања.
Ново на Сител
-
ЈОРСМ: Дадена наредба за обдукција на починатиот притвореник од Затвор Куманово
-
Адвокат почина во Граѓанскиот суд во Скопје
-
Повторно одложен судскиот процес за Пендиков
-
Тошковски во посета на оперативниот тим „Кафез“ и Регионалниот центар за гранични работи Север
-
Османи во Стразбур, на сесијата на Комитетот на Министри на Совет на Европа
-
На Фицо ќе му биде извршена уште една операција
-
Утре стабилизирање на времето, а од сабота повторно дожд и грмежи
-
Кривична пријава за три лица, лажно нуделе градежен материјал во Охрид и Струга