Трамп со сенатори разгледува санкции против Турција поради Ц-400
Американскиот претседател Доналд Трамп разговара со републикански сенатори за можни санкции против Турција поради купувањето на руските ракетни системи Ц-400, објави ТАСС повикувајќи се на Белата куќа.
Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу претходно рече дека Анкара е подготвена да одговори на Вашингтон доколку САД воведат санкции поради доставките на Ц-400.
Тој не ја отфрли можноста Турција да преземе „одредени чекори за темата за воената база во Инџирлик“. Според него, Турција смета дека Трамп и американската администрација нема да воведат санкции во рамките на законот „Справување со противниците на Америка преку санкции”.
Се очекува испорака на делови од руските противвоздушни ракетни системи Ц-400 „Триумф“ да продолжи до крајот на оваа недела.
Ново на Сител
-
Азески: Господ на помош на тој што ќе донесе милијарда евра
-
Преглед на вестите од светот
-
Кисела Вода ги дигитализира услугите
-
Управниот суд одлучува по решенијата на ДИК
-
Османи во Стразбур лобираше за Косово
-
Првиот македонски зачин доаѓа од мермерните градини во Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди