Трамп се појави накратко на Г-20 самитот а потоа отиде да игра голф
Американскиот претседател Доналд Трамп учествуваше на отворањето на годинешниот виртуелен Г-20 самит, што викендов се одржува во Ријад, Саудиска Арабија, а потоа добар дел од денот го помина на голф и праќање твитови, јави синоќа Си Ен Ен.
-Ова беше соодветен крај за неговата кариера во глобален мултилатерализам, наведува иронично телевизијата.
Самитот започна вчера пред 8 часот наутро источноамериканско време. Трамп беше еден од десетиците лидери кои се појавија на видео-конференцијата од Самитот, пренесуван онлајн поради коронавирусот. Тој беше во својот кабинет во Белата куќа.
Но, по петнаесеттина минути, претседателот започна да твита по повод непризнавањето на изборите, а два часа подоцна замина да игра голф во својот голф клуб лоциран најблизу до Белата куќа, во Стерлинг северен дел на Вирџинија.
Трамп играше голф додека на самитот во Ријад започна важна сесија насловена „Подготвеноста за пандемија“, на која учествуваа повеќе светски лидери како францускиот претседател Емануал Макрон, канцеларката Ангела Меркел и јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин.
Според дневниот распоред претседателот на САД објавен од Белата куќа, Трамп треба да учествува на сесија на Г-20 самитот денеска (недела наутро источноамериканско време). Но тоа најверјатно ќе биде последен пат кога тој ќе биде на средба со светските лидери, со оглед на тоа што се ближи крајот на неговото претседателство, наведува Си Ен Ен.
Претседаталеот на САД претходно имаше краток брифинг, еден од ретките по гласањето на изборите на 3 ноември, на кој кажа дека „патем, јас ја добив кампањата“, но одби да одговори на салвата прашања од новинарите поврзани со непризнавањето на резултатот.
Ново на Сител
-
Се уште активен пожарот во „Јасен“, изгаснати 12, еден под контрола
-
Турција ги затвори пристаништата за израелските бродови
-
Кривична против двајца поранешни раководители на АД Пошта за „несовесно работење во службата
-
Службеник од општина Шуто Оризари присвоил од општинскиот буџет 3.600.000 денари
-
Запленета поголема количина цигари без бандероли и дробен тутун во Тетовo, приведени две лица
-
Ѓорѓиевски: За 20 дена ќе биде готова новата градинка во населеното место Потстаница во Драчево со капацитет за 75 деца
-
Ангелов: Се става под контрола пожарот кај бараките „лепенки“ во Карпош, нема информации за повредени
-
Гори поранешен објект на Макотекст фирмата | ВИДЕО