Трамп прогласи вонредна состојба
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа прогласи вонредна состојба за да добие пристап до милијарди долари за изградба на ѕид долж границата меѓу САД и Мексико и потпиша декларација за ова прашање, пишува МИА.
Трамп претходно денеска во телевизиското обраќање изјави дека ќе ги искористи извршните овластувања за да го заобиколи Конгресот, кој одобри многу помалку пари за ѕидот отколку што побара тој.
Портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс на Твитер напиша дека Трамп вечерва ја потпишал декларацијата за воведувањето на вонредна состојба и постави фотографија од претседателот на бирото како го потпишува документот.
Причина за ваквиот потег, како што рече Трамп, е дека сакал да ја заштити земјата од наркотици, криминал и илегални имигранти, кои влегуваат од Мексико, преку југозападната граница на САД, што, според него, е голема закана за националната безбедност.
Со мерката да прогласи вонредна состојба на границата, Трамп ќе има околу осум милијарди долари, што е многу повеќе од 5,7 милијарди долари, колку што одобри Конгресот.
Одлуката на Трамп да прогласи вонредна состојба на границата, веднаш беше осудена од бројни демократи и некои републиканци, кои сметаат дека ја злоупотребил положбата.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот