Свет
29. January 2018 - 10:34

Трамп призна дека понекогаш објавува твитови од кревет: За себе вели дека е стабилен генијалец, a еве што мисли за женскиот род

Американскиот претседател изјави дека твитовите ги пишува додека е во кревет, а понекогаш за време на појадокот или ручекот.

Доналд Трамп изјави дека твитер објавите ги пишува наутро или навечер, кога е порелаксиран, затоа што преку ден има многу обврски.

За Британскиот ТВ канал ITV тој рече дека смебеси се смета за стабилен генијалец и оти јаде само квалитетна храна. Кога новинарот го потсети дека често во јавноста се појавуваат фотографии како јаде хамбургер и пие кока кола, Трамп одговори дека храната му ја подготвуваат најдобрите светски готавачи, а оти повремено јаде брза храна . Тој смета дека е многу популарен во Британија, а тоа го гледа по бројот на пораките што ги добива.

Прашан за искоментира тоа што многу жени го критикуваат, Трамп изјавил дека ги поддржува жените и тие тоа го знаат.

Во сериозниот дел од интервјуто, Трамп одговори дека ќе склучи договор со Британија по Брегзитот, а за Францускиот претседател Макрон дека се пријатели и оти многу му се допаѓа.