Свет
31. May 2017 - 13:44

Трамп повторно актуелен со своите лапсуси

Познато е дека американскиот претседател Доналд Трамп често користи Твитер, а неговиот денешен твит го „запали“ интернетот, и тоа со само еден збор.

- И покрај тоа што константната негативна медиумска „covfefe", гласеше дел од неговиот твит.

Корисниците на социјалните мрежи веднаш почнаа да го одгатнуваат зборот - дали се работи за кратенка, грешка или пак, можеби тајна порака...

- „Covfefe“ е феноменален збор и точка! - Шон Спајсер, гласи еден од коментарите во кои се подбиваат со портпаролот на Трамп.

За да се избегнат натамошни недоумици, со твит се јави и член на лондонскиот Центар за англиски јазик, во којшто напиша: „За сите наши студенти по англиски јазик, можеме да потврдиме дека 'covfefe' се уште не е англиски збор“.