Трамп помилува тројца американски војници обвинети за воени злосторства
Претседателот на САД, Доналд Трамп, помилува тројца американски војници обвнети за воени злосторства извршени во Авганистан и во Ирак.
Конзервативни претставници од власта и набљудувачите досега праќаа пораки дека тројцата војници се неправедно обвинети херои за извршени акции во хаотични ситуации во текот на борбите.
Во соопштение издадено од Белата куќа, Трамп објави дека наредува помилување за Клинт Лорејнс, кој служи 19-годишна казна затвор за убиство на двајца цивили во Авганистан и Метју Голстејн, кој по грешка убил авганистански цивил за кого сметал дека е талибански изготвувач на експлозиви.
На Едвард Галагер,пак, командант на вод на специјалната единица „Фоки“, кој во јули беше ослободен од обвинение за воено злосторство за убиство на заробен борец на ИД и за обид за убиство на цивил во Ирак, Трамп му го врати одземениот чин. Галагер, сепак се соочуваше со други две обвиненија: фотографирање со труп на малолетен терорист во својство на трофеј и попречување на правда поради закани да убие друг припадник на Фоките кој го пријавил.
– Како врховен командант, претседателот поседува главна одговорност за спроведување на законот и ако е умесно, доделува помилувања. Претседателот веќе истакна дека кога нашите војници се жртвуваат за нашата земја сака да им дада признание за тоа – се вели во соопштението на Белата куќа.
Овој чекор на Трамп да се наметне како врховен судија во военото судство досега не бил направен од ниту еден негов претходник доби критики од армиските лидери.
Така на пример, секретарот за одбрана, Марк Еспер и армискиот секретар, Рајан Мекарти, укажаа дека ова може да го загрози воениот судски кодекс и да биде лош пример за другите армиски припадници кои се на теренот, пренесе „Њујорк тајмс“.
Ново на Сител
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
САД од утре со 104 отсто царини на увозот од Кина
-
Ја продолжувам работата на Цепенков и Мисирков | Томче Јосимовски | ПРОфесија | Sitel Podcast 089
-
Бројот на жртви по уривањето на покрив во ноќен клуб во Доминиканската Република се искачи на 27
-
Грир: Царините утре стапуваат во сила, паралелно со преговори со некои земји
-
Трамп најави можен договор со Јужна Кореја и чека Кина да се јави
-
Пад на руските приходи од нафта и гас
-
Американските берзи го отворија денот со раст