Трамп: Нема да имам пријателски односи со Камерон
Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека доколку победи на изборите во САД веројатно нема да има добри односи со британскиот премиер Дејвид Камерон, поради критиките кои му ги упатувал претходно.
Британскиот премиер минатата година, по предлозите на Трамп да им се забрани влез на муслиманите во САД, истакна дека тој со своите изјави предизвикува поделба, дека е „глупав“ и прави грешки.
Камерон, исто така, нагласи дека ако Трамп дојде во Британија ќе ја обедини земјата против него.
- Веројатно нема да имаме многу пријателски односи, кој знае, но ми делува дека ниту тој не е подготвен за тоа, истакна републиканскиот кандидат.
Запрашан за британското членство во ЕУ, Трамп изјави дека на Британија би и било подобро да излезе од тој блок, додавајќи дека сепак одлуката за тоа треба да ја донесе народот.
Ново на Сител
-
Забраната за пиротехника во затворени простори утре пред пратениците
-
ДУИ: Зошто владата ја крие вистината за врските на агенцијата за обезбедување „Рубикон“
-
Кај шест пациенти во „Св. Наум Охридски“ е извршена трансплантација на кожа
-
СДСМ обвинува за нови сканадали во Министерството за дигитална трансформација
-
Македонија е атрактивна дестинација за нуркачите од светот
-
За прв пат од постоењето ќе се гради асфалтен пат до ски терените во Крушево
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Васко Наумовски