Loading Video...
Свет
22. May 2020 - 21:50

Трамп нема да ги затвори Соединетите Американски Држави во случај на втор бран од пандемијата на корона вирусот

Во исто време Трамп се спротивстави и на наредбите за носење заштитна опрема во затворени простории при посетата на фабриката на Форд во Мичиген, заради како што појасни да не им даде прилика на новнарите да го видат во маска.

Во САД досега има повеќе од 1,5 милиони заболени од коронавирусот, а бројката на починати се искачи на 94.000. од вирусот утрово почина и повеќегодишниот батлер во Белата куќа, Вилсон Рузвелт Џерман кој во изминатите 50 години работел за 11 американски претседатели.

Вториот круг од општинските избори во Франција ќе се одржи на 28 јуни, иако за овој датум не бил постигнат политички консензус. Францускиот премиер Едуар Филип признава дека дел од политичките партии инсистирале изборите да се организираат подоцна, но владата веќе го усвои извештајот кој потоа со декрет треба да го донесе претседателот Макрон.

15 дена пред одржување на изборите сепак ќе се прави нова здравствена проценка дали постојат безбедносно –санитарни услови, доколку нема, изборите ќе бидат повторени во јануари следната година.

Сите 99 патици и 8 членови на екипажот загинаа откако авиона на пакинстанската компанија ПИА се урна во Пакистан само една минута пред слетување Спасувачките екипи стравуваат дека бројот на загинати е многу поголем бидејќи авионот се урнал во густо населено место, а истото го покажуваат и обајвените снимки од местото на несреќата каде има срушените куќи и запалени автомобили.

Неколку минути пред уривањето пилотот пријавил дека двата мотори на авионот престанале да работат.  Авинот се урнал при третиот обид за слетување, само една минута откако го загубил контактот со командната кула.