Свет
17. July 2016 - 11:55

Трамп на официјалното претставување на својот заменик Мајк Пенс, изрази сочувство до Франција и Турција

Кандидатот на републиканската партија за претседателските избори во САД, Доналд Трамп изрази вчера сочувство кон Франција по нападите во Ница и кон Турција, каде во петокот беше извршен обид за воен удар.

- Сакам да ја изразам мојата константна поддршка за Французите, сочувствувам со нивната загуба, изјави Трамп пред официјалното преставување на неговиот кандидат за заменик-претседател Мајк Пенс. 

- Турција, во која имам толку многу пријатели, каде има извонредни луѓе. Изминатата ноќ беше многу вознемирувачка. Се надеваме дека сепак се ќе се среди, додаде синоќа Трамп, обвинувајќи ја истовремено неговата соперничка од редовите на демократите Хилари Клинтон дека го вовлекла Обама во „ужасен неуспех на Блискиот Исток“. 

- Блискиот Исток денес е понестабилен од кога и да е. Тој е надвор од секоја конрола, рече Трамп. 

За евентуалниот заменик-претседател Трамп рече дека е „човек на честа, чесен и со карактер“.