-->
-->
Трамп им се обрати на лидерите на Г-7 - им одржа лекција и ја напушти салата
-->

Се работи за климатските промени кои Трамп не ги признава, додека останатите земји од групата се противат на таквата позиција.
Г-7 лидерите на вториот и последен ден од самитот, се состанаа на појадок пред закажаното предвремено заминување на американскиот претседател, а во средиштето на утринскиот состанок било прашањето на родовата еднаквост.
Меѓутоа, самитот во целина беше засенет поради значајните разлики меѓу САД и другите шест земји кога станува збор за трговијата, откако Вашингтон кон своите клучните трговски партнери воведе царински обврски, за алуминиум и челик.
Трамп дополнително придонесе за општата загриженост, во петокот, кога изјави дека во групата на најмоќните индустриски земји треба да се врати и Русија, која од клубот Г7 или Г8, како што тогаш се нарекуваше, беше исфрлена по воената интервенција во Украина и анексијата на Крим во 2014. Тогаш, американски претседател беше Барак Обама.
Претставниците на земјите од Европската унија во петокот беа едногласни дека и натаму не се исполнети условите за враќање на Русија на групата, за што, на маргините на самитот, информираше германската канцеларка Ангела Меркел.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Унгарија бесна на Украина поради нападот врз рускиот гасовод
-
Групна тепачка во угостителски објект во Куманово, приведени пет лица
-
„Ватсап“ вели дека Русија се обидува да ја блокира апликацијата
-
Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш
-
Идната недела упис на Скопскиот универзитет, за бруцоши слободни над 9700 места
-
Леонардо Дикаприо жали за улогата што му ја препуштил на Марк Волберг во 90-тите
-
Македонец и двајца Срби мачени, убиени и спакувани во црни кеси во Боливија
-
69 лица повредени по жестоките судири на демонстрантите во Србија