Трамп и републиканците со пофалби за новиот предлог закон за здравствено осигурување
Американскиот претседател Доналд Трамп и неговата администрација го поздравија новиот предлог закон за здравствена заштита со кој Републиканската партија се обидува да ја замени тн. Обамакер.
Министерот за здравство Том Прајс им пиша на шефовите на одборот во Конгресот дека предложените мерки се во согласност со претседателската цел да ги спаси Американците од неуспехот на Обамакер.
Новиот закон треба да ја замени реформата на Обама. Најмногу ќе влијае на околу 20 милиони луѓе кои здравствено осигурување купуваат директно од осигурителни куќи како и на повеќе од 70 милиони кои се „покриени“ со Медикејд, програма за луѓе со ниски приходи.
Обамакер овозможуваше делење на трошоците за поединци со ниски примања. Тие субвенции ќе бидат укинати со новиот републикански план иако е нејасно колкави ќе бидат износите кои поединци ќе ги плаќаат, а кои треба да им ги вратат осигурителните компании.
Надлежни одбори на Претставничкиот дом утре треба да почнат со гласање за новиот план со што ќе почне една од одлучните републиканси битки во Конгресот. Нејасно е сепак, дали републиканците ќе може да ги надминат разликите во своите редови за тоа како да се замени Обамакер.
Републиканскиот предлог ќе ограничи федерално финансирање за Медикејд, кое се однесува во просек за секој петти Американец. Демократите сепак велат дека со тој предлог многу луѓе ќе останат без здравствено осигурување.
Ново на Сител
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје
-
Цвета Ристовска е нов заменик претседател на Антикорупциска
-
Покана за распит на Билјана Ивановска
-
И годинава ниеден македонски универзитет не се најде на Шангајската листа
-
Македонија шеста во светот по странски инвестиции според големината на економијата
-
Премиерот најави казни против маркетите и мерки кај услугите
-
Муцунски: Каква и да е одлуката на Уставен, нема да влијае на преговарачката рамка