Свет
18. April 2018 - 9:08

Трамп и формално ја именуваше Џина Хаспел за директор на ЦИА

Американскиот претседател Доналд Трамп го информираше Конгресот за тоа дека и формално ја именувал досегашната заменичка-директор на ЦИА Џина Хаспел за нов директор на таа агенција.

Минатиот месец Трамп на Твитер напиша дека ја избрал Хаспел да раководи со Централната разузнавачка агенција на местото на Мајк Помпео, кој е номиниран за државен секретар.

Џина Хаспел е дел од ЦИА повеќе од 30 години.