Свет
16. January 2020 - 9:27

Трамп и Ердоган разговараа за ситуацијата во Либија

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и американскиот претседател Доналд Трамп синоќа телефонски разговарале за ситуацијата во Либија, неколку дена пред самитот во Берлин што ќе биде посветен токму на судирот во оваа земја, соопштија Белата куќа и канцеларијата на турскиот претседател. 

Германската канцеларка Ангела Меркел во недела на самитот ќе ги пречека лидерите на Турција, Русија, САД, Велика Британија, Кина , Франција и Италија, откако на средбата во Москва во понеделникот двете завојувани либиски страни не успеаја да потпишат спогодба за прекин на огнот.

Либиската граѓанска војна изби по бунтот и нападот на НАТО во Либија во 2011 година, со кој од власта беше соборен дотогашниот долгогодшен лидер Моамер ел Гадафи.

Трамп и Ердоган, исто така, разговарале за ситуацијата во Сирија, протестите во Иран и иранското соборување на украинскиот авион, се наведува во соопштението на Белата куќа.