Трамп: Гренланд во иднина може да биде дел од САД
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска повтори дека Гренланд „можеби“ во иднина ќе биде дел од Соединетите Американски Држави.
Трамп, по состанокот со официјални лица во неговиот кабинет, изјави дека тоа е важно за националната безбедност на САД.
Премиерот на Гренланд во заминување Муте Егеде рече дека членовите на неговата привремена влада нема да се сретнат со американска делегација која планира да ја посети американската воена база на островот оваа недела. Егеде рече дека на Вашингтон му било кажано дека нема да има „преговори“ додека е тој на чело на привремената влада и додека не се формира нова влада на Гренланд по општите избори одржани на 11 март.
Јенс-Фредерик Нилсен, веројатно идниот премиер на Гренланд и лидер на демократите, централнодесничарската партија која победи на изборите, претходно ги критикуваше изјавите на Трамп за Гренланд како „несоодветни“.
Уша Венс, сопругата на американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс, оваа недела ќе го посети Гренланд со нејзиниот син и американска делегација во која, како што потврди Егеде, ќе биде и советникот за национална безбедност на Белата куќа, Мајк Волц.
Ново на Сител
-
Коцевски: Издадена наредба за приведување на седум нови полициски службеници за пожарот во Кочани
-
Едно лице повредено во сообраќајка во Аеродром
-
Затворена шахтата кај ТЦ Скопјанка во Аеродром
-
ИСВ: Путин има ресурси да води војна уште 12 до 16 месеци
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
-
На БиХ поради Република Српска и се заканува финансиски крах
-
Кривична пријава за „непријавување кривично дело или сторител“
-
ДКСК утврди регулаторни ризици во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер