Трамп го продолжи за една година ембаргото против Куба
Американскиот претседател Доналд Трамп донесе одлкука за продолжување до 24 септември 2018 година на ограничувањата воведени против Куба, при што изјави дека го задржува правото да ги омекне, соопшти Белата куќа.
Станува збор за закон, кој е во сила од 1917 година и со кој се дозволува да се воведуваат ограничувања во трговијата со земји, кои се непријателски настроени кон САД.
Во моментов Куба е единствената земја, која ги трпи последиците од овој закон. Во 2008 година од таа листа беше исклучена Северна Кореја, кон која, пак, истовремено се воведени најстроги санкции.
Трамп нагласи дека рокот на ембаргото, кое дејствува врз основа на тој закон истекува на 14 септември.
- Донесов одлука за продолжување на таа мерка кон Куба за уште една година согласно интересите на САД, додаде тој.
Ново на Сител
-
АХВ во превенција и заштита од болеста чума кај малите преживари
-
Преглед на вестите од светот
-
Анализа: Може ли Македонија во ЕУ со политиката - Уставни измени со одложено дејство?
-
Запален автомобилот на новинарот Серсемов
-
Тема на денот со Орхан Муртезани, министерот за европски прашања
-
Младите од Македонија најмногу сакаат да ја напуштат државата споредено со врсниците од регионот
-
Таравари прими вакцина против грип - Со закон ќе се справуваат со антиваксерите
-
Фон Дер Лајен од Скопје: Проширувањето ќе остане врвен приоритет за ек во следните пет години