Свет
2. April 2018 - 15:59

Трамп го повика Путин на средба во Белата куќа

Помошникот на рускиот претседател  Јуриј Ушаков денеска изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп, во телефонскиот разговор од 20 март Владимир Путин, предложил состанокот помеѓу двајцата лидери да се одржи во Вашингтон.

- Ако се биде како што треба, се надевам дека Американците нема да го одбијат предлогот да разговараат за евентуално одржување на самит. Кога нашите претседатели разговараа по телефон, Трамп предложи првиот состанок да се одржи во Вашингтон, во Белата куќа, истакна Ушаков.

Тој додаде дека Путин и Трамп не се договориле средбата да биде во првата половина од годината.

- Не, за тоа не разговараа. Тоа е прилично позитивна идеја, но за сега не е разговарано за тоа, наведе Ушаков.