Трамп го осуди семејното насилство
Американскиот претседател Доналд Трамп се соочи со притисоци од републиканците во Конгресот, кои испитуваа дали Белата куќа правилно врши проверки на вработените, поради обвинувањата за семејно насилство од страна на неговиот поранешен соработник Роб Потер.
- Јас сум против семејно насилство и секој овде тоа го знае. Во целост сум против злоставување во семејството во секој облик. Секој тоа го знае и речиси не би требало да се спомнува, истакна Трамп.
Републиканскиот конгресмен Треј Гауди, претседавач со Комитетот за надзор и владини реформи во Претставничкиот дом на Конгресот, истакна дека истражувал кога Белата куќа го дознала „потенцијално деградирачките и дисквалификувачките информации“ за Потер, поранешен секретар надлежен за персоналот.
Потер минатата недела поднесе оставка откако две негови поранешни сопруги изјавија дека ги злоставувал. Тој ги негираше таквите наводи.
Претседателот на Претставичкиот дом на Конгресот, Пол Рајан истакна дека Белата куќа треба да го подобри процесот на проверка.
- Ако лицето врши насилство во семејството и е дел од Владата, тогаш системот се распаѓа, посочи Рајан.
Заминувањето на Портер покрена прашања дали шефот на кабинетот Џон Кели знаел за обвиненијата и дали постоел безбедносен ризик од него во Белата куќа.
Американскиот претседател неколку пати го бранеше Портер без да изразии емпатија кон жртвите на семејно насилство, а повеќе од 12 жени го обвинија Трамп за сексуални напади, што се случиле пред да дојде на функција.
Трамп ги негираше таквите наводи и ги обвини демократите и медиумите дека спроведуваат „валкана“ кампања против него.
Ново на Сител
-
Еден војник загина, а еден е потешко повреден при гаснење пожар во Црна Гора
-
Ангелов: Активен тежок пожар во ловиштето „Јасен“, дејствуваат два полициски и еден армиски хеликоптер
-
Во Албанија активни 30 пожари, пет се најкритични
-
Лото - игра на среќа со семејна традиција, ритуал во кој среќните броеви ни поттикнуваат надеж
-
Уапсен 19-годишник во Куманово, со него затекнато 14-годишно девојче пријавено за исчезнато
-
Приведени двајца росоманци, пријавени за закани кон градоначалник на Кавадарци и неговото семејство
-
44-годишник си ја истепал сопругата и нејзиниот малолетен син
-
Во сообраќајка на патот Куманово-Свети Николе, повредени неколку лица меѓу нив и тримесечно бебе