Трамп го нападна Бајден во неговиот роден град Скрантон
Американскиот претседател Доналд Трамп жестоко го критикуваше својот политички ривал Џо Бајден за време на посетата на Пенсилванија и неговиот роден град Скрантон, само неколку часа пред поранешниот потпретседател да ја прифати претседателската номинација на неговата Демократска партија.
Говорот на Трамп, кој се обиде да истакне дека Бајден половина век ја изневерува Америка, исто така, имаше за цел да ја зајакне поддршката за републиканскиот претседател во оваа сојузна држава, што може да биде клучно за победа на изборите во ноември, пренесуваат британските медиуми.
– Тој ја напушти Пенсилванија. Тој го напушти Скрантон, им рече Трамп на стотиците приврзаници собрани на периферијата на градот, во кој е роден Џо Бајден.
„Но, ги мина последните половина век во Вашингтон, распродавајќи ја нашата земја и преземајќи ги нашите работни места и оставајќи им на другите земји да ни ја крадат работатата. Мексико, Кина, сите тие“, рече Трамп.
Трамп ја освои Пенсилванија во 2016 година со само 45.000 гласови разлика, ветувајќи дека ќе ги врати работните места во економски запоставениот регион. Но, според последните анкети, тој во оваа држава заостанува зад Бајден со околу шест проценти.
Ново на Сител
-
Палчо: На денот на убиството на Вања бев во банка
-
Власта го одби синдикалниот предлог за 500 евра минималец
-
Обезбеден грант од 2,4 милиони евра за изградба на железнички премин помеѓу Македонија и Србија
-
Дали трудовите инспектори работат на црно - СДСМ обвинува, Дурмиши негира
-
Мицкоски за закани од Ахмети: ДУИ повторно прави упад во правосудниот систем
-
Ново рочиште за убиствата на Вања и Панче
-
Судот не прифати застареност на делото за аудито на Мерко
-
Државата нема да ги покрива придонесите за поголем минималец