Трамп ги повика сите републиканци да го поддржат Мекарти за претседател на Претставничкиот дом на САД
Поранешниот американски претседател, Доналд Трамп ги повика екстремно десничарските републиканци да прекинат со блокирањето на кандидатот на партијата да стане претседател на Претставничкиот дом на САД, откако штетната поделба го спречи Кевин Мекарти да биде назначен на таа функција.
„Сега е време сите наши големи републикански членови на Претставничкиот дом да гласаат за Кевин, да го затворат договорот и да победат“, објави Трамп на социјалните мрежи.
„Републиканци, не претворајте голем триумф во џиновски и срамен пораз.
Откако синоќа не успеаја ни во третиот обид да го изберат републиканскиот лидер Кевин Мекарти за претседател на Претставничкиот дом на САД, конзервативците го одложија гласањето.
Изненадувачкиот потег на крајот на првиот ден на новиот состав на Конгресот, покажа дека на Мекарти нема да му биде лесно да се бори за претседателската функција со оглед што има противеа и во сопствената партија.
Од потребните 218 гласови, Мекарти доби само 203 гласа во два круга гласање во Домот кој е под контрола на републиканците – помалку дури и од демократот Хаким Џефрис. Резултатот во третиот круг беше уште полош, кога Макарти загуби 20 гласа, а тензиите се зголемија.
Ново на Сител
-
Обвинителството бара притвор за 42-годишната жена која вчера со автомобил удри во пешак
-
Малолетничка од Скопје физички нападната од таткото и братот
-
Тешка сообраќајна несреќа на автопатот Тетово – Скопје
-
Утре во 17 часот нов протестен марш во Скопје за Фросина
-
Вучиќ: Тргнаа во напад на Србија однадвор, поддржани од многумина одвнатре
-
Кумановка измамена за 30.000 евра - повторно измамата во која наводно нејзина ќерка прегазила дете
-
Мицкоски: Надлежните се на терен во сите поголеми супермаркети, се прави анализа, детали од понеделник
-
Поранешниот германски претседател Хорст Келер почина на 81-годишна возраст