Loading Video...
Свет
13. January 2018 - 16:33

Трамп е во одлична здравствена состојба

Претседателот е во одлична здравствена состојба, изјави лекарот на Белата куќа д-р Рони Џексон по првиот медицински преглед на Доналд Трамп по преземањето на функцијата пред речиси една година.

Медицинскиот преглед на претседателот е спроведен  во националната воена болница „Волтер Рид“.

Докторот  Џексон  изјави дека  со нетрпение очекува да информира за некои детали на брифингот во вторник.

Противниците на Трамп отворено го доведуваат во прашање неговото ментално здравје, но во текот на систематскиот преглед не бил планиран преглед и од психијатар.