Трамп: Додека сум претседател ќе ги бранам правата на сопствениците на огнено оружје
- Претседателот на САД Доналд Трамп изјави пред членовите на Националното здружение на сопственици на огнено оружје (НРА) дека правата им се „под опсада", но тој ќе ги застапува се додека е претседател, пренесе ДПА.
На конференција на НРА во Далас, Тексас, Трамп повторно повика во училиштата да има вооружен персонал како начин за спречување престрелки, како онаа во Паркленд, Флорида, во февруари, кога беа убиени 17 лица.
На собирот, Трамп изјави дека да имало оружје, ќе го запрело терористичкиот напад во Париз, симулирајќи движење со раката како да има пиштол и извикувајќи „бум, бум“.
- Еден вработен...или едно лице од оваа просторија да беше таму со пиштол, напаѓачите ќе беа запрени во својата намера, оцени Трамп.
- Терористите би побегнале или би биле застрелани и тоа би било сосема друга приказна, оцени американскиот претседател. Тогаш Трамп направи гестикулација како да пука, симулирајќи пукање на невини жртви.
- Бум, дојди ваму. Бум, дојди ваму. Бум, дојди ваму. Бум..., презентираше Трамп.
Во нападите во Париз во 2015 година беа убиени 130 лица
Ново на Сител
-
Многу пријави за интернет закани, ама Македонија се уште без закон за сајбер беезбедност
-
Бел чад над систинската капела – избран е наследникот на папата Франциск
-
Тема на денот со професор Звонимир Јанкуловски, поранешен амбасадор во Ватикан
-
Подготовките за локалните избори во полн ек – Таравари на излезна врата
-
И Димитриевски и СДСМ ги повикаа истражните органи да утврдат дали има корупциски скандал во Куманово
-
Предлог-закон на СДСМ за помош на настраданите од Кочани, од ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржат - имаат свој план за помош
-
Истрагата за пожарот во Кочани во полн ек, родителите обвинуваат за масовно убиство
-
Кој треба да истражува дали има фиктивна вакцинација на деца со лажни потврди?