Трамп денеска ќе ја потпише новата верзија на указот за миграција
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ќе ја потпише новата верзија на својот указ за миграција, чие дејствие беше запрено од судот, и кој предизвика загриженост низ цел свет, изјави неговата советничка Келијан Конвеј, цитирана од француските медиуми.
Во интервју за телевизијата „Фокс њуз“ Конвеј додаде дека новиот декрет ќе влезе во сила на 16 март. Претходната верзија, што беше потпишана на 27 јануари, имаше за цел на неколку месеци да ги затвори границите на САД за жителите на седум главно муслимански земји и за сите бегалци.
Федерален судија од Сиетл на 3 февруари ја стопира неговата примана.
Главната разлика во новиот указ е тоа што Ирак веќе нема да биде меѓу земјите на чии државјани им е забрането да влегуваат во САД. Конвеј објасни дека причината е тоа што Багдад ги подобрил своите процедури за проверка на идентитетот и за пренесување информации.
Советничката на Трамп не потврди дали останатите шест земји, кои беа вклучени во првичниот указ (Иран, Јемен, Либија, Сирија, Сомалија и Судан), се уште се наоѓаат во новиот, ниту дали кон него се додадени и други земји.
Таа, меѓутоа, прецизира дека со новиот указ ќе бидат заштитени постојаното престојувалиште во САД и добиените визи. Освен тоа, сириските бегалци ќе се третираат како бегалците од сите останати земји.
Во првичниот указ Трамп го запре прифаќањето бегалци во следните 120 дена, но ја нареди забраната за прифаќање Сиријци на неограничен период.
Ново на Сител
-
Изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Куманово
-
Трамп критикуван од муслиманските организации за навредата кон конгресменот Шумер кого го нарече Палестинец
-
Кремљ: Русија е блиску до протерување на украинските сили од Курск
-
Гутереш: ОН поведува иницијатива за сопствена реформа во пресрет на 80-годишнината од формирањето
-
Идниот премиер на Гренланд ги отфрла идеите на Трамп за американско преземање на островот
-
Сиљановска Давкова на Баку форумот: Да понудиме перспективи за врвниот заеднички интерес за траен мир
-
Во Кривичен денеска треба да биде објавена пресудата за убиството кај „Мавровка“
-
Одбележување на Денот на Специјалната антитерористичка единица ТИГАР