Свет
8. јуни 2021 - 14:45

Трамп: Биткоинот е измама што влијае на вредноста на доларот

Биткоинот е „измама” што влијае на вредноста на американскиот долар, изјави 45-от претседател на САД Доналд Трамп за „Фокс бизнис”.

-Биткоинот изгледа како измама. Не ми се допаѓа затоа што е друга валута што се натпреварува со доларот, изјави поранешниот американски претседател. Трамп додаде дека сака доларот да биде „валута на светот”.

Неговиот коментар доаѓа еден ден по инфорацијата дека Ел Салвадор се подготвува да прифати биткоин како законско средство за плаќање. Нил Вилсон, главен аналитичар за пазарите на Markets.com, исто така, не се согласува со тврдењето на Трамп дека криптовалутата му се заканува на американскиот долар – иако може да претставува закана за златото.

-Начинот на кој Америка го врши своето влијание низ целиот свет е претежно преку доларот. И нема да се откаже, затоа не гледам на биткоинот како закана, рече тој. Вилсон додаде дека на владите не им се допаѓа идејата луѓето да создаваат своја валута.

-Изгледа дека некое време ќе толерираат криптовалути, но на крајот тие ќе создадат свои дигитални валути и ќе го истуркаат биткоинот, вели Трамп.