Трамп бара дополнителни 5,3 милијарди долари за одбраната
Претседателот на САД Доналд Трамп од американскиот Конгрес побара одобрување за дополнителни четири милијарди долари за унапредување на ракетната одбрана и 1,2 милијарди долари за зголемување на американското военото присуство во Авганистан и за спротивставување на севернокорејските закани.
- Ова барање претставува поддршка дополнителните напори на САД да ги открие, уништи и да се одбрани од која било севернокорејска употреба на балистички ракети против нејзината територија, сили, сојузници или партнери, наведе Трамп во писмото упатено до Конгресот.
Во барањето за дополнителните буџетски средства, американскиот претседател наведе дека во Јужна Азија ќе бидат распоредени уште 3.500 војници.
Тој бара и 700.000 долари за ремонт на бродовите на Воена морнарицита по нивните неодамнешни судари.
Трамп претходно побара 9,9 милијарди долари за периодот до 30 септември 2018 година.
Ново на Сител
-
ЕУ нотира: Македонија не го рециклира отпадот – Зошто нема имплементација на легислативата за управување со отпадот?
-
Од недела прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, во Газа продолжија израелските напади
-
Преглед на вестите од светот
-
Бугарија доби политичка влада, ќе ја предводи Росен Жељазков
-
Трет ден протести на синдикатот на УПОЗ
-
Независниот синдикат на администрацијата на средби во Владата
-
Охрид се подготвува за Водици
-
ЕУ нотираше - отпадот во Македонија не се рециклира