Трамп: Ако јас бев претседател, Русија немаше да ја нападне Украина
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го критикуваше сегашниот Џозеф Бајден, велејќи дека „во 15-те месеци откако стана претседател, направил толку штета, колку што не направиле колективно, петте најлоши американски претседатели.
„ Помина повеќе од една година, за тоа време успеа да го убие, буквално да го убие американскиот сон. Но, не губете надеж, бидејќи со вистинските лидери, Америка ќе се врати, ќе биде посилна, посилна од било кој било кога“ – рече Трамп на состанокот во американската држава Џорџија, пренесе „Дејли мејл“.
„ Имаме претседател кој не знае што прави, нема поим каде е. Во медиумите се појавуваат лажни вести, велат дека тој одлично си ја врши работата…а Украина е бомбардирана до темел“ – рече тој.
Трамп тврди дека рускиот напад врз Украина никогаш немало да се случи доколку тој беше претседател.
Ново на Сител
-
И ДУИ и Вреди со завршни митинзи во Тетово во понеделник
-
Кампања за парламентарни избори
-
Осигурителните компании не ги поевтинија полисите
-
Штрајк од први јуни ако не им се исполнат барањата: Вработените во ФЗОМ одржаа предупредувачки протест
-
Почна протестот на вработените во ФЗОМ
-
Парламентарни избори 2024 - се заострува реториката помеѓу партиите
-
Пендаровски и Силјановска и денеска на терен
-
140 социјално загрозени семејства од Прилеп ќе добијат пакети храна и пари пред Велигден