Трактор полн со патници се лизна во нива, има повредени
Полн трактор со луѓе се преврти, едно лице е тешко повредено. Како што информираат од МВР. вчера во 16,00 часот било пријавено дека на местото викано „Штолна“ атар на селото Дамјан на земјен пат од селото Погулево кон село Дамјан, С.Д.(83) од Радовиш управувајќи трактор „Фергусон 735“ се лизнал во нива. Лицата Д.В. (73), Д.А.(73) и Ѓ.Ѓ.(72), сите од Радовиш, кои се превезувале со тракторот, успеале да скокнат од тракторот. С.Д не успеал во тоа бидејќи му се заглавила ногата, и се здобил со повреди. Тој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничкиот центар во Штип, но поради сериозноста на повредите бил препратен во Комплексот клиники "Мајка Тереза" во Скопје каде му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување.
Извршен бил увид на местото на настанот.
Ново на Сител
-
Македонија се задолжува 50 милиони евра
-
Џафери: Арсовска да ја искоси тревата во дворот на Владата
-
Џафери за бојкотот на претседателските избори: Груби не е влада, ниту партија
-
Зеленски и ја честита победата на Сиљановска-Давкова
-
Сплит: Вработена му помогнала на муштерија да хакира машина за игри на среќа
-
Повлечени 104.000 пакувања леб во Јапонија откако во две биле пронајдени траги од глувци
-
Земјотрес во Србија
-
Најмногу дожд на Попова Шапка во изминатите 24 часа