Трајковски: Ќе кажам кои фирми ги прекршуваат владини одлуки кога ќе завршат постапките
Непочитување на замрзнатата цена на лебот од 33 денари, несоодветна грамажа, немање најмалку 80 отсто од производите на рафтовите, се само дел од прекрошоците што ги констатира Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) на терен при спроведувањето на контролите.
Како што рече денеска директорот на ДПИ, Горан Трајковски, имињата на фирмите кои ги сториле прекршоците ќе бидат соопштени, но откако постапувањата за нив ќе бидат целосно завршени.
-Ќе ги кажам имињата на фирмите кои ги прекршуваат владините одлуки кога ќе завршат постапките. Имињата нема да бидат објавени денеска поради комплексноста на случаите. Се издаваат платни налози и до завршување на предметот нема да ги кажам имињата, туку после тоа, истакна Трајковски, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на маркет во скопската населба Тафталиџе, заедно со премиерот Димитар Ковачевски и министерот за економија Крешник Бектеши.
Тој уште еднаш напомена дека сите инспектори се на терен, а ДПИ работи со полн капацитет.
-Последните пет дена се извршени над 500 надзори, а 130 од нив се по одлуките на Владата. Притоа, констатирани се шест прекршоци во винина од 750 000 денари, соопшти директорот и најави дека ДПИ ќе продолжи да работи неселективно, согласно законите.
Трајковски во оваа прилика повторно апелира, трговците, ако имаат можност, да ги намалат цените и на другите производи зашто сите владини одлуки, како што подвлече, се носат во интерес на граѓаните.
-Располагаме со вкупно 160 инспектори што е многу мал број, но постапуваме и на пазарите, а на нашата интернет страница информираме за контролите секој ден, рече директорот на Инспекторатот.
Ново на Сител
-
Физички нападнат 30-годишен велосипедист во подрачјето на Карпош
-
46-годишен скопјанец пријавил дека неговиот малолетен син се оддалечил од домот
-
Германија мора да регрутира до 60.000 нови војници за да ги исполни целите на НАТО
-
Приведен 40-годишник, се заканувал на сограѓанин
-
На лекување во странство и во домашните болници има 12 пациенти од пожарот во Кочани, еден е во тешка состојба, вели Клековски
-
До недела топло, утре и задутре развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи
-
На аеродром во Индија пронајдени 48 отровни змии и пет желки во куфер
-
Турција: Парична казна од 12.000 евра за кинење на загрозен вид цвеќе