Трајков: Евроинтеграцискиот процес е еден од врвните приоритети, Унијата од нас очекува конкретни резултати
Евроинтеграцискиот процес е еден од врвните приоритети на Владата. Пред нас имаме зацртано една цел, а тоа е да сториме се што е можно за да го реализираме сонот за европска Македонија, порача денеска заменик-министерката за европски прашања во Северна Македонија, Викторија Трајков во своето обраќање за време на панел дискусија на Академијата за европска интеграција (AEI) „Тркалезна маса - Патот на Северна Македонија до ЕУ: Предизвици и можности во 2025“.
Таа додаде дека со реализацијата на европската агенда и имплементација на реформите ќе се олесни пристапниот процес во ЕУ.
-Свесни сме дека Унијата од нас очекува конкретни резултати и затоа сме подготвени да го вложиме нашиот целокупен човечки и институционален потенцијал за час-поскоро да станеме дел од европското семејство. Изморени сме од ветувања и од условувања преку коишто не сме подготвени да преминеме. Новата Влада постави црвена линија. Црвената линија е нашиот македонски идентитет, кој нема да дозволиме да биде обременет со билатерализација. Но, иако, предолго и неправедно сме во чекалната на ЕУ, ние немаме друг избор освен да продолжиме цврсто напред, рече Трајков.
Дебатата на настанот ја отвори и модерираше професорот од Правниот факултет „Јустинијан Први“ - Скопје, Васко Наумовски, кој е поранешен вицепремиер за европски прашања и амбасадор во САД.
На дискусијата свои пораки за предизвиците на ЕУ испратија и Марија Бергер, судијка од Европскиот суд на правдата, пратеникот од Европскиот парламент Клаус Волфер кој е поранешен директор за Југоисточна Европа и проширување на ЕУ во МНР на Австрија. На дебатата учествуваше и Герхард Јарош, раководител за меѓународно кривично право во LGP Group и поранешен заменик главен обвинител во Виена.
Ново на Сител
-
Белата куќа: Иран е способен да произведе нуклеарна бомба за „неколку недели“
-
Кочани е во фокус на Владата од самиот почеток и ќе остане така, вели директорот на СОЗР Томовски
-
Нови големи протести против Трамп закажани за средината на јули - „Во Америка, моќта му припаѓа на народот!“
-
Почнав со импровизиран салон од 8м2, денес имам 10 вработени | Октај Сејди | Sitel Podcast 098
-
Сè уште се чека одлуката на Трамп за евентуално вклучување на САД во конфликтот на Блиски Исток
-
На Табановце се чека 40 минути за влез, а на Богородица 30 минути за излез од земјата
-
Во Иран уапсени 24 лица поради шпионажа во корист на Израел
-
ИДФ: Иран напаѓа со ракети со повеќе боеви глави